Започна производството на Nissan Pathfinder

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката на Nissan во Смирна, Тенеси, започна производството на петтата генерација од моделот Pathfinder. “Почетокот на производството на новиот Pathfinder означи уште еден голем јубилеј во нашата Nissan NEXT momentum сторија” изјави Џеф Јангинер, вице-претседател на фабриката.

Од претходно е познато дека овој модел доаѓа со 3,5 литарски бензински мотор во комбинација со девет степен автоматски менувач и вкупна моќност од 285 КС. Должината изнесува точно 5 метри, ширината 1,961 метар, а висината 1,768 метри. Меѓуоскиното растојание пак, изнесува 2,9 метри.

Првата генерација на овој модел беше претставена во мај 1985 година. Покрај Pathfinder, во тој период овој автомобил се продаваше и под називите Terrano и Terramax. Досега се лансирани пет генерации, а новата петта доаѓа 9 години по лансирањето на четвртата.

Во слободна продажба во САД и Канада доаѓа ова лето, а наредните недели се очекува да биде објавена и почетната цена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK