Започна производството на Citroen C5 X

ОБЈАВЕНО НА:

Во Кина, во заедничката фабрика на Stellantis и Dongfeng лоцирана во близина на Ченгду, започна производството на X изведбата на новиот Citroen C5. Производството започнува нецели два месеци откако беше претставен за јавноста.

Должината изнесува 4,805 мм, идеална за кинескиот пазар каде преференциите на тамошните купувачи се однесуваат на големи возила. Ширината изнесува 1,865 мм, висината 1,505 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2,785 мм.

За база е земена новата EMP2 платформа благодарение на која во понудата е достапна верзија и на хибриден погон. Покрај таа, тука се и двете верзии со бензински мотор: едната со 1,2 литарски турбо I3 мотор, а другата со помоќен 1,6 литарски турбо I4 мотор.

Овој модел кој првично е наменет за кинескиот пазар, е дело на Фредерин Ангибод и Диого Жо, а се очекува да се извезува и за европскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK