Заборавија на правилата – за една недела пајакот подигнал 127 возила, а казнети вкупно 235 возачи само во Центар

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите повторно се враќаат кон своите стари навики, и ги паркираат возилата „на пет минути“, на места кои не се предвидени за тоа. ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 235 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 15.11. до 21.11.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 127 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 108 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

 

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK