И за возење на ескалатори постојат правила

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се движите во сообраќајот познато е дека се вози по десна страна, а се престигнува од лева. И како што постојат правила за ова, истото е и кога ги користите ескалаторите во трговските центри.

Потребна е подигање на културата за користење на ескалаторите во Македонија.
Ротаракт Клуб Скопје успешно ја заврши акцијата со поставување на налепници „Left-walk, Right-stand“, се укажува на тоа како треба да се користат ескалаторите со цел полесно и побрзо движење во трговските центри. Стоење од десна страна, движење од лева страна.

Скопје сити мол е првиот трговски центар кој ја препозна потребата од поставување на вакви налепници.
Идејата за поставување на овие налепници произлезе од се почестиот застој кој настанува при користење на ескалаторите, со што се оневозможува непрекинато движење.

Вакви налепници можат да се сретнат во сите поголеми европски но и светски метрополи, а сега благодарение на акцијата на Ротаракт Клуб Скопје и добрата соработка со Скопје Сити Мал, ги има и во Македонија.

Па, запаметете и ескалаторите се сообраќајници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK