За поголема безбедност: Воздушните перничиња ќе чуваат и при секундарен удар

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor Group го претстaви првиот систем на воздушни перничиња во светот кој ги штити патниците во автомобилот при неколку последователни удари. Новите еарбергови ќе се монтираат речиси на сите модели модели на Hyundai и Kia.

Статистиката на американската Национална служба за безбедност во сообраќајот (NHTSA) покажува дека 30% од 56.000 сообраќајни несреќи регистрирани во периодот од 2000 до 2012 година биле од секундарен удар. Ударите се обично во дрво, електричен столб или друго возило.

Новиот систем на Hyundai ја определува положата на патниците во кабината веднаш после првиот удар, кога воздушните перничиња веќе се активираат, но не можат да ги заштитат патниците. Сепцијалните сензори ги идентификуваат најранливите зони и активираат други воздушни перничиња.

При создавањето на системот инженерите на Hyundai Motor Group ги анализирале сценаријата за за можните несреќи. Врз основа на добиените податоци, патничкиот простор каде е најверојатно да се наоѓаат патниците после првиот удар, па таму се монтирани дополнителни воздушни перничиња.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK