Најчесто кога се зборува за казни во сообраќајот за физички лица сумата од 300 евра е највисоката која се споменува. Но, сепак постојат и неколку други казни кои се повисоки, а може да ги добиете доколку го прекршите законот. Ако истите ги платите во рок од 8 дена тогаш ќе треба да уплатите половина од сумата.
За овие прекршоци покрај парична казна предвидено е и прекршочна сакнција забрана на управување на мотороното возило до 12 месеци. Еве во кои случаеви казната е 400 евра?
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место, чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 50 km/h, но не поголема од 70 km/h.
* Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.
Казна од 400 евра се добива и во следните случаеви.
(1) На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
– 130 km/h на автопат;
– 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
– 90 km/h на други патишта.
(2) На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.
* Мандатен платен налог со глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон