За најскапото BMW треба да платите минимум 750.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Германците ја освежија речиси целата своја гама и претставија неколку нови интересни модели, сега од спортската дивизија на BMW го оставија најинтересното за крај. Следниот месец ќе ги видиме XM и новиот Z4, а во октомври ќе дојде компактното купе M2.

Сепак, ова нема да стави крај на интересната BMW M серија и во ноември германската компанија ќе го покаже својот можеби најексклузивен и секако најскапиот модел до сега – 3.0 CSL.

Спортското купе базирано на М4 треба да дебитира во претпоследниот месец од годината, а на интернет се појавија гласини за цената на спортскиот модел. Според информациите на BMWBLOG, кои се однесуваат на луѓе од компанијата, цената на 3.0-CSL ќе започнува од 750.000 евра. Ова автоматски го претвора лесното и спортско купе во најскапиот модел во гамата на Германците.

Она што го знаеме во моментов е дека 3.0 CSL ќе се базира на M4 CSL и, како и тој, ќе биде само со погон на задните тркала. Главната разлика меѓу двете ќе биде достапноста на мануелен менувач на поексклузивниот модел, како и евентуално поголема моќност.

Очекувањата се дека ќе порасне до 560 коњски сили, а покрај тоа инженерите ќе направат промени во суспензијата, аеродинамиката и секако намалување на тежината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK