За да ја купите оваа Toyota прво мора да добиете на лотарија!

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто кога имате желба и пари да си купите нов автомобил одите и го пазарите. Но, не секогаш е така. За некои автомобили мора да се чека со месеци, па дури и со години. Ама сепак на крајот го добивате и желбата е исполнета.

За ова возило ви треба и желба и пари, но и среќа. И не било каква туку да добиете на лотарија! Се работи за новата Toyota Corolla GR. Уште од самото претставување беше и се уште е голема желба.

Хечбек возилото е толку посебно па во Јапонија сите што се заинтересирани да го купат мора прво да добијат на лотарија. И тоа буквално, така, на лотарија.

Компанијата претходно објави дека ќе бидат направени само 500 примероци од моделот, заедно со специјална верзија GR RZ и уште поспецијална GR Moziro Edition.

Оние кои сакаат да ги купат специјалните изданија во Јапонија ќе треба да купат лоз до 18 декември за да влезат во лотаријата за купување на GR Corolla. Доколку нивниот билет се покаже како добитник, тогаш добиваат шанса да го купат спортскиот хечбек.

Томболата ќе биде извлечена на почетокот на јануари, а неколку месеци потоа треба да започнат испораките. Под хаубата на Corolla GR се наоѓа 1,6-литарски бензински мотор со моќност од 304 коњски сили и максимален вртежен момент од 370 њутн метри, кој се пренесува на сите четири тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK