За 9 месеци во Македонија увезени повеќе возила отколку за цела година лани

ОБЈАВЕНО НА:

Во Македонија во првите девет месеци од годинава се увезени вкупно 33.660 патнички возила, што е повеќе отколку за цела ланска година. Според податоците од царинската управа, во септември се увезени 3128 половни и 436 нови автомобили.

Во очекување на податоците за октомври, септемвриските извештаи велат дека по завршување на летните одмори, повторно има пораст во увозот на патнички возила, и половни и нови. Нема податоци кои брендови и модели се најпродавани, бидејќи најголемиот дел од македонските импортери не ги споделуваат ваквите податоци, ниту во нивната комора на увозници при ССМ.

Останува високиот сооднос меѓу увезените нови и половни патнички возила. Увезени се 436 нови патнички возила и 2382 половни.

Ако се задржи сегашниот тренд на увоз, во 2021 година увозот на нови патнички возила би бил околу 5.500 до 5.800 возила, а вкупниот број би се движел околу 41.000 патнички возила.

Трет месец по ред нема увезен нов автобус, но затоа пристигнале 14 половни автобуси. Кај товарните моторни возила, за девет месеци годинава се увезени 748 нови и 2029 половни возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK