За 10 години нема да постојат повеќе од 10 авто компании во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов во светот има дузина автомобилски компании, а во последно време постои процес на окрупнување, па така беше создаден и Stellantis. Сега на големо следува процесот на електрификација, и производителите се насочени кон трансформација на производството, но и целосната стратегија. Веројатно е дека некои од брендовите ќе мора да згаснат, односно да влезат под капата не некој голем автомобилски производител.

За 5-10 години, светскиот пазар на автомобили ќе се консолидира и нема да останат повеќе од десет светски играчи. Ова го вели Брајан Гу, потпретседател на управниот одбор на кинескиот производител на електрични автомобили Xpeng, во интервју за Financial Times.

Според менаџерот, на оваа листа ќе бидат вклучени само оние компании кои ќе продаваат повеќе од 3 милиони автомобили годишно. За споредба, лидерот на глобалниот пазар Toyota продаде околу 10,5 милиони возила во 2022 година, Tesla 1,3 милиони и Xpeng само 120.700.
Сепак, од првиот квартал 2023 година, Xpeng се рангираше на 12-то место во однос на испораките само меѓу кинеските брендови.

Брајан Гу смета дека меѓу кинеските компании, само оние кои ќе продадат повеќе од половина од своите автомобили надвор од матичниот пазар ќе го задржат своето место на светскиот пазар. Во исто време, според него, трговската војна меѓу Кина и САД значително ќе го отежне животот на кинеските производители, бидејќи ќе ги спречи да влезат на американскиот пазар.

А дополнително, домашните производители на електрични автомобили се целосно зависни од американските микрочипови, чие снабдување може да престане поради идни санкции. Сепак, г-дин Гу е уверен дека ако санкциите навистина почнат да влијаат на компанијата, тогаш не само Xpeng, туку „целата кинеска индустрија ќе најде решение“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK