Во рамките на СФРЈ беше со статус на национално возило, многумина своите први возачки метри ги направиле токму со возилото Yugo. Додека ние се радувавме на него, многумина му даваа и лоши рецензии. Тоа особено се случуваше во САД кога почна Yugo и таму да се извезува.
Бројот на возила што е останат на улиците со знакот на Yugo е навистина мала, но и покрај тоа постојат доста добро сочувани модели. Токму таквите се на цена и сега три децении подоцна. Еден таков добро сочувам модел на Yugo само во кабриолет верзија си најде свој нов сопственик откако неговиот досегаше го стави на аукција.
Yugo GVC Cabrio
Возилото е продадено за 12.100 долари. Произведен во 1990 година моделот Yugo GVC Cabrio го привлекува вниманието, не само поради изгледот туку и со километражата што ја има поминато. На одометарот стои дека возилото има поминато само 370 милји. Во таа 1990 година биле произведени 6.359 вакви возила. Таа година бил претставен и мотор со поголема литража, 1,3 литри со четири цилиндри и пет степен менувач. Со тоа е опремен и овој автомобил.