Од Yamaha Motor објавија дека од април, компанијата веќе прифаќа нарачки за набавка на електромоторот развиен од компанијата, за кој велат дека може да се користи во супер и хиперспортските автомобили.
Покрај тоа од Yamaha Motor споделуваат и дека стартувањето на приемот на нарачките за прототип електромотори со моќност од 35 до 200 kW (48- 272 коњски сили) со применливост во автомобилската индрустрија и други решенија за мобилност, компанијата сега веќе нуди и значително помоќен мотор со капацитет од 350 kW или 469 коњски сили.
Како главна предност на својот нов развој, од Yamaha Motor ја посочуваат својата компактна големина бидејќи сите главни елементи на електромоторот се комбинираат во еден модул. Од компанијата исто така посочуваат дека агрегатот е замислен од самиот почеток и како таков, кој ќе биде комбиниран со уште еден или неколку во едно превозно средство.
Новиот електромотор на Yamaha Motor ќе биде претставен за време на саемот Automotive Engineering Exposition 2021 Yokohama, кој ќе се одржи на крајот на мај.