Кинеската компанија Xiaomi треба да започне со производство на својот електричен автомобил следната година.
И покрај бројните предизвици, автомобилскиот бизнис на Xiaomi е со побрзо темпо од очекуваното. Ова го потврди Леи Јун, основачот, директорот и претседател на Xiaomi, кој изјави дека зимското тестирање на првиот автомобил на компанијата е успешно завршено и дека тимот зад него рапидно расте додека задачите ги завршува побрзо од очекуваното.
Јун рече дека масовното производство треба да започне во првата половина на 2024 година. Досега компанијата има инвестирано повеќе од 433 милиони долари во својот автомобилски бизнис, а тимот сега се состои од повеќе од 2.300 луѓе.
Годинава се очекува инвестиција од над 2,8 милијарди долари, а во следните пет години се очекуваат дополнителни 14 милијарди.
За време на настанот за Денот на инвеститорите, директорот рече дека Xiaomi треба да обрне внимание и на роботиката бидејќи развојот на таквата технологија го забрзува развојот на самоуправувачките автомобили, како и самиот производствен процес.