VW се пишмани: Почна да прима нарачки и во Европа за новиот T-Cross

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на најголемиот јужноамерикански саем во Сао Паоло (Бразил) и најавен за пазарот во Јужна Америка, германскиот производител Volkswagen сепак одлучи моделот T-Cross да го продава и во Европа.

Само неколку недели подоцна, VW објави дека започна да ги прима нарачките од купувачите од европскиот пазар. При тоа 200 од нив кои ќе бидат извлечени на лотарија на 12 април следната година во Волфсбург, ќе добијат т.н. “1st Edition” модел.

T-Cross кој се темели на MQB платформата исто како и T-Roc, во понудата е достапен со 1.0 литарски TSI модел кој е понуден со 115КС, како и помоќна верзија со 1.5 литарски мотор и 150КС. Во понудата има и дизелски мотор кој ќе располага со 95КС. Сите овие изведби се бидат достапни само со погон на предните тркала.

Со овој нов модел доаѓаат и бројни системи за конекција и помош на возачот. Така во T-Cross е вграден систем за одржување на автомобилот во коловозната лента, систем за предупредување на мртов агол, систем за предупредување од можност на фронтален судар и многу друго.

Внатрешноста е инспирирана од останатите мали градски SUV возила од Volkswagen Групацијата. Централното место го зазема 8.0 инчниот екран кој е централно поставен, а кој овозможува бројни можности со интеграција на смарт уредите. Тука е и можноста за бежично полнење на смартфоните, четирите USB приклучоците, еден AUX приклучок и многу друго.

Со T-Cross, VW ја засилува својата присутност во SUV сегментот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK