VW е уште посилна компанија по Дизелгејт

ОБЈАВЕНО НА:

Скандалот со манипулирањето со издувните гасови именуван како Дизелгејт зададе силен удар на целата Volkswagen Групација. Но и покрај казните од неколку милијарди евра и нарушената репутација, првиот човек на Групацијата го смета спротивното.

“Денес е важен ден за сите 670.000 вработени во Volkswagen AG. Откако имплементиравме неколку нови програми и го променивме начинот на работење, департманот за правда на САД ни даде нови позитивни сигнали со добивањето на сертификатот” изјави Хербер Дис.

Тој додаде дека Volkswagen Групацијата излезе уште посилна од скандалот и ги потврди претходно објавените планови за експанзија на полето на електрични возила.

Првиот човек на Volkswagen може да се каже дека е во право бидејќи оваа Групација и покрај скандалите и коронавирусот, бележи најмали загуби, а ги продолжи инвестициите во новите погони, новите модели, истражувањето и развојот и инвестициите во други компании преку купување на акции во истите.

[totalpoll id=”43475″]

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK