VW доби и експресно ја одби понудата за Lamborghini

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго време се шпекулира дека Volkswagen Group планира продажба на брендовите Ducati и Lamborghini. Сега официјално на адреса во Волфсбург пристигна понуда за купување на италијанскиот бренд тешка 7,5 милијарди евра.

Оваа понуда, според еминентниот Autocar е експресно одбиена од страна на германскиот производител, а не се знае дали е само дел од пазарењето или со ова најголемиот германски производител и дефинитивно испраќа порака дека Lamborghini не е на продажба.

Инаку понудувач е Quantum Group, холдинг компанија од Швајцарија која ги здружи силите со Centricus Asset Management токму со една и единствена цел – купување на Lamborghini.

Lamborghini под капата на Volkswagen дојде во 1999 година кога Audi ја купи оваа компанија. Малку познато е дека во периодот од 1987 до 1994 година овој бренд беше во сопственост на Chrysler Corporation, а во меѓувреме по неколку години и под MegaTech и V’Power and Mycom Sedtco.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK