VW бара милијарда евра од својот поранешен директор

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот германски прозиводител на автомобили и еден од најголемите во светот, Volkswagen Group излезе со несекојдневна одлука – бара од својот поранешен директор оштета од дури една милијарда евра. Причината за побарување произлегува од скандалот Дизелгејт кој кулминираше пред неколку гдини, а кој се’ уште има последици врз германскиот производител.

Овој производител пред неколку години беше прогласен за виновен поради лажирање на тестовите за издувните гасови. Поради тоа мораше да плќа бројни казни во ЕУ, САД и други земји. Се проценува дека штетата која овој скандал ја имаше врз VW достигнува и до 50 милијарди евра.

Сега VW бара милијарда евра како оштета од сега 73 годишниот Марин Винтеркорн, поранешен прв човек на овој производител, пренесува Зидојче Цајтунг. Во Волфсбург сметаат дека Винтеркорн морал да знае за криминалниот софтвер, а поради тоа што не одговорил навремено на американските истражители придонесол за поттикнување на вој скандал.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK