Времеплов: Топ-10 најголеми авто производители во 2004 година

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија е една од најнестабилните. Врз истата влијаат бројни фактори кои се под влијание на самите производители, но уште поголем број на фактори врз кои не можат целосно да влијаат автомобилските производители.

Поради тоа доколку ги разгледаме минатите 30-тина години ќе забележиме големи измени во поглед на најголемите производители на автомобили. Ако денес, најголем производител е Volkswagen Групацијата и Toyota, во минатото тоа не било така.

Пред само точно 15 години најголем производител на автомобили во Светот бил General Motors со годишно производство од 8.066.536 нови автомобили. На втората позиција се наоѓаше Toyota со 6.814.554 автомобили што на некој начин е стабилна позиција бидејќи со децении јапонскиот производител е во топ 3 производители во светот.

Volkswagen Групацијата во 2004 година се наоѓала на 4. позиција со годишно производство од 5.095.480 автомобили.

  1. General Motors – 8.066.536
  2. Toyota Motors – 6.814.554
  3. Ford – 6.644.024
  4. Volkswagen Group – 5.095.480
  5. Daimler/Chrysler – 4.627.883
  6. PSA Group – 3.405.245
  7. Honda – 3.237.434
  8. Nissan – 3.230.326
  9. Hyundai/Kia – 2.766.321
  10. Renault – 2.471.654
Следете не и на:

24AUTO NETWORK