Вработен во FCA почина од коронавирусот – вработените испратени дома

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија е парализирана од коронавирусот. Автомобилските производители ги бројат финансиските загуби, но и оние човечките. Весниците во Детроит први ја објавија тажната вест за смртта на вработен во седиштето на FCA во Мичиген како последица на коронавирусот.

“Имаме случаи со заболени од КОВИД-19 во нашата компанија. Како и да е поради почит кон приваноста на вработените не сме во можност да дадеме дополнителен коментар” е одговорот на FCA по повод пишувањата на локалните детроитски весници.

Вработените се испратени дома, и ќе се контролира со кого се и каде се движел почитаниот. До 23 март во државата Мичиген биле регистрирани 1.035 заболени од вирусот и имало и 9 починати.

Инаку поради коронавирусот, најголемите автомобилски производители во САД, FCA, GM и Ford ги затворија своите фабрики и административни објекти со цел да спречат ширење на вирусот во самите компании.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK