Возила со најлојални сопственици

ОБЈАВЕНО НА:

За еден производител на автомобили најголема сатисфакција е кога има лојални купувачи, луѓе кои му веруваат на брендот и се поврзани со него. Еден автомобил го заменуваа со друг, но амблемот на предниот дел останува ист. Или пак истото возило од тој бренд го возат долго време иако имаат шанса д аго сменат со друга бренд. И не се малку таквите луѓе кои сакаат да бидат фанови на еден бренд,

Студијата спроведена во САД од страна на iSeeCars покажува дека сопствениците на Toyota Prius се најлојални. 13,7% од нив го поседуваат ова возила 15 и повеќе од 15 години.

На листата доминираа возилата на Toyota што може да се заклучи дека сопствениците на Toyota важат за најлојални возачи.

Доказ за тоа е фактот дека на првите пет позиции се наоѓаат возила на Toyota. Така од втората до петтата позиција се позиционирани моделоте Highlander, Tacoma, Sienna, Tundra.

На шестата позиција се наоѓа Honda CR-V. 10,7% од сопствениците на овој модел го возат истиот повеќе од 15 години. Едно место подоле се наоѓа Honda Pilot, а на следните позиции се наоѓаат Subaru Forester, Toyota 4runner и Toyota Sequoia.

Toyota Highlander може да се пофали дека има најлојални сопственици во конкуренција на SUV моделите. Toyota Tacoma пак, се наоѓа на првата позиција во конкуренција на пикапи, додека најлојални сопственици во конкуренција на спортските возила има Mazda MX-5 Miata.

Оттука, најлојални сопственици имаат следните брендови:

  1. Toyota
  2. Honda
  3. Subaru
  4. Acura
  5. Mazda
  6. Mitsubishi
  7. Hyundai
  8. Chrysler
  9. Nissan
  10. Lexus

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK