Кога возиш брз спортски автомобил најважно е да не се перчиш и да мислиш дека со едноставно притискање на педалот на гаста ќе изгледаш како „возач на Ф1“. Еден 59 годишен сопственик на Ferrari SF90 Stradale имал огромна среќа откако со бзрина од 300 км/ч, се забил во заштитната ограда на автопат во Германија.
Германските полицајци се справуваа со сообраќајна несреќа на автопатот А9, меѓу Минхен и Нирнберг, при што имаше значителна материјална штета и за чудо без сериозни повреди на возачот. Возилото е речиси уништено, и вкупната штета се проценува на 450.000 евра.
Според полицијата, овој 59-годишен возач ги тестирал перформансите на своето Ferrari SF90 Stradale. Во еден момент со голема брзина изгубил контрола над возилото, неколку пати удрил во заштитната ограда и по неколку стотини метри застанал.
За среќа, возачот имал само неколку гребнатинки, додека неговото Ferrari е целосно уништено. Подоцна полицијата објави дека нивните автопати[ta навистина не ги знаат границите на некои делници, но при постигнување на толку големи брзини, сепак треба да се запраша дали ова е сепак одговорно возење.