Возел 70 години без возачка – и конечно го фатиле

ОБЈАВЕНО НА:

Британски полицајци биле шокирани кога фатиле 83-годишен маж кој тврди дека возел без дозвола или било каков вид на осигурување од својата 12-та година.

Човекот, кој никогаш претходно не бил запрен од полицијата, бил фатен по седум децении нелегално возење. Полицајците го запрел во неговото сино Mini One во градот Булвел, до продавница на Tesco. Им рекол дека е роден 1938 година и дека вози од својата 12 година без никакви документи. За среќа, тој никогаш не доживеал сообраќајна несреќа, што укажува на тоа дека бил или навистина внимателен, или навистина среќен зад воланот.

Шансите да возите по јавни патишта повеќе од 70 години и никогаш да не немате никаква сообраќајна несреќа се навистина мали, особено ако зборуваме за самоук возач. Исто така, навистина е чудно што никогаш не бил проверен од полиција.

Во нивната објава на официјалната Фејсбук страница на полицијата Булвел, Рајс Парк и Хајбери Вејл, полицајците ги предупредија граѓаните дека гледаат:
„Поради зголемениот број на ANPR камери во Нотингем, дури и на малите патувања, најверојатно ќе удрите камера, затоа погрижете се вашите документи да се во ред… затоа што ќе ве стигне… еден ден…“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK