Возачите почетници не смеат да возат ноќе, над 110 km/h и да возат големи СУВ теренци

ОБЈАВЕНО НА:

Безбедноста на патиштата е приоритет на секоја држава, а ЕУ како заедница на држави сака да даде свој придонесе со воспоставување на правила кои треба да помогнат во намалувањето на бројот на смртни случаи.

Во моментов, околу 20.000 луѓе трагично умираат на патиштата во земјите на ЕУ секоја година. Авторите на проектот веруваат дека благодарение на иновациите во 2050 година бројот на смртни случаи ќе се сведе на нула.

На возачи што сега положиле за возачка ќе им биде забрането да возат ноќе, т.е. од полноќ до 6 часот. Оваа одлука, меѓу другото, има за цел да го намали бројот на лица кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Сепак, ова не е единствената забрана која ќе важи за возачите со мало искуство. Возач почетник нема да смее да управува со возило тешко од 1,8 тони. Односно, патувањата со поголеми теренци ќе мора да бидат забранети за почетници.

Новите правила нема да важат веднаш за сите земји од Европската унија. Се очекува следната година да се донесе одлука за нивна имплементација и стандардизација во заедницата. Сепак, има земји кои ќе ги воведат новите регулативи следната година.

На пример, од 1 јануари во Германија ќе стапи на сила построг закон. Според inside-digital.de, луѓето кои ќе ја добијат својата возачка дозвола во 2024 година ќе добијат категорија Б+. Тоа ќе значи дека новите возачи нема да можат да возат ноќе, да возат теренци или да надминуваат брзина од 110 km/h. Оваа информација предизвика многу контроверзии, но и покрај ова, промените се на пат да се воведат и во останатите земји од ЕУ

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK