Возач оди во затвор поради користење антирадар

ОБЈАВЕНО НА:

Бизнизмен од Велика Британија ќе мора да одслужи казна од три месеци во затвор поради блокирање на сигналот на камерата за контрола на брзината. Мајкл Тизил кој има 58 години и доаѓа од Западен Јоркшир на своето BMW монтирал ласерски уред кој го блокира сигналот на радарите.

Мажот бил снимен од камера на полицијата на патот A658 во близина на местото Хароугејт, но уредот за мерење дал грешка. Тоа се покажало како главна причина да се почне истрага за причините за неправилна работа на радарот.

Полицајците го откриле Тизил и утврдиле дека тој има инсталирано ласерски придушувач на сигналот и тоа во предниот браник на автомобилот за да не плаќа казни за возење со поголема брзина од дозволената.

Затоа покрај тоа што ќе мине три месеци во затвор ќе треба да плати и парична казна од 1500 фунти што е еднакво на 1712 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK