Уште една награда годинава собра шведскиот производител Volvo. По бројните награди од САД, Германија, Италија и други земји, Volvo поточно моделот XC40 е прогласен за автомобил на годината во Јапонија.
Жирито составено од еминентни автомобилски новинари и работници на овој модел доделија 363 поени со што на второто место ја оставија Toyota Corolla Sport која доби 314 поени додека на третата позиција це најде Volkswagen Polo со 197 поени.
Во финалето покрај овие три автомобили се најдоа уште и Toyota Crown, Mitsubishi Eclipse, Mazda CX-8, Alfa Romeo Stelvio, BMW X2 и Honda Clarity PHEV.
Ова е само втор модел од европски производител кој ја добива најпрестижната награда во Јапонија. Претходно во 2013-14 оваа награда ја доби Volkswagen Golf и со ова, овој модел заедно со Volvo XC60 се единствени од 1980 година кои ја добиле оваа награда.