Пораст од 10,2% на продажбата оствари Volvo во август на глобално ниво. При тоа успеа да продаде дури 47.796 нови автомобили споредбено со 43.361 продадени во истиот месец минатата година.
Најголем процентуален пораст на продажбата има во Европа и тоа од 11,5%. Позитивен пораст има и во Кина и САД додека на останатите пазари Volvo забележа пад од 4,1%.
Земајќи ја во предвид продажбата од почетокот на година, Volvo заклучно крајот на август има продадено вкупно 443.168 автомобили што е пораст од 7,6% во споредба со истиот период минатата година.
Најпродаван модел во глобални рамки остана XC60 со продадени 14.969 примероци. Овој модел е следен од XC40 со продадени 8,200 примероци и XC90 со продадени 7.222 примероци.
Август | Јануари – Август | |||||
2018 | 2019 | Промена | 2018 | 2019 | Промена | |
Европа | 14,923 | 16,639 | 11.5% | 203,758 | 216,555 | 6.3% |
Кина | 11,386 | 14,212 | 24.8% | 82,987 | 94,592 | 14% |
САД | 8,970 | 9,194 | 2.5% | 65,214 | 68,109 | 4.4% |
Останато | 8,082 | 7,751 | -4.1% | 59,972 | 63,912 | 6.6% |
ВКУПНО | 43,361 | 47,796 | 10.2% | 411,931 | 443,168 | 7.6% |