Volvo со платено породилно отсуство за секој татко

ОБЈАВЕНО НА:

Швеѓаните се познати по големата внимателноста и како промотори на еднаквоста на луѓето, без нивните полови, расни, религиски или други разлики. Оваа филозофија ја сведи и Volvo како еден од најпознатите шведски брендови.

Во официјално соопштение, овој производител наведува дека од 1 јануари годинава овозможува сите татковци да добијат платено породилно отсуство, без разлика дали работат во фабриката на Volvo во Шведска, Белгија, САД или Кина.

Идните татковци кој ќе поднесат барање за отсуство веднаш ќе добијат отсуство од 24 недели односно речиси половина година.

“Кога родителите имаат поддршка во балансирањето на работата и семејството тоа помогнува во намалување на работниот јаз и овозможуваме развој на кариерата” изјави Хактан Самуелсон, првиот човек на Volvo. Директорката за оперативно работење, хана Фагер, најави дека благодарение на оваа политика, компанијата сега ќе може полесно да привлечат талентирани работници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK