Volvo се здружува со Starbucks за да изгради мрежа на станици за брзо полнење на локациите што ги има овој гигант за кафе низ САД. На тој начин додека вие го пиете вашето кафе, електричното возило ќе ја полни батеријата. Полначите ќе можат да полнат на пример модел XC40 од 20 до 90 проценти на батеријата за околу 40 минути. Првично, ќе има 60 станици за полнење на 15 локации на растојание од 1.350 милји помеѓу седиштата на Старбакс во Денвер до Сиетл, Вашингтон.
Моделите на Volvo Recharge со вграден Google ќе можат да ја користат апликацијата ChargePoint достапна инструмент таблата, додека возачите што не се со Volvo автомобили може да ја преземаат апликацијата за паметни телефони ChargePoint.
Станиците се наоѓаат на приближно 100 милји една од друга. Секое електрично возило ќе може да ги користи станиците, но само возачите на Volvo ќе уживаат да ги користат станиците „без наплата“ или по намалени цени во споредба со електричните возила на други брендови.
Volvo планира да започне со инсталирање на полначите на почетокот на летото 2022 година и да ја заврши мрежата до крајот на годината. До крајот на деценијата, глобалната стратегија на Volvo е да продава само електрични возила со батерии, додека Старбакс исто така планира да се декарбонизира со решенија како што се станици за полнење за клиентите и проширување на својот пилот проект за соларна енергија на 55 од своите локации во 2022 година.