Volvo ќе повлече 219.000 возила поради дефект

ОБЈАВЕНО НА:

Кваилтетот од секогаш била примарна цел во оперативното работење на Volvo. Нулта грешките во технолошко-производствениот процес придонесе да возилата на овој производител да прераснат во вистински синоним за квалитет.

Сепак иако е тешко за верување сепак и тоа се случи. Volvo ќе започне со повлекување на 219.000 возила поради дефект во цевките за гориво.

Жртви на ова повлекување ќе бидат 11 модели со дизелски мотор меѓу кои и SUV моделите XC60 и XC90, но и сите останати модели произведени во последните три до четири години.

Најголем дел од возилата ќе бидат повлечени од Шведска и тоа 37 илјади возила. Потоа од Велика Британија ќе бидат повлечени 31 илјади взила, а значителна бројка и од Германија (26 илјади возила). Останатите ќе се повлечат од Франција, Холандија, Данска, Белгија и други европски земји.

Целта на шведскиот производител е да се направи превентивна контрола со цел да се спречи понатамошни несакани појави.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK