Volvo ќе мора бесплатно да сервисира 85.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Модели на Volvo произведени во 2019 и 2020 година ќе треба да се јават во сервис и да го отстранат проблемот кој е откриен. Се работи за 85.550 возила кај кои се утврдено дека „моторот може да застане и да не може да се запали“.

Во повикот за сервис се опфатени возила од моделите, S60, V60, V60CC, S90, V90, V90CC, S90L, XC60 и XC90. Моделите се произведени во Шведска, а првично проблемот бил пријавен од Португалија, а исто така производи со вакви можни проблеми се пријавени во Франција и во Грција.

Во објаснувањето се вели дека „ осигурувачот 15А во пумпата за гориво со низок притисок може да прегори. Како резултат, моторот може да застане и да не може да се запали, зголемувајќи го ризикот од несреќа“.

Volvo recall code: R10100
Affected models: S60, V60, V60CC, S90, V90, V90CC, S90L, XC60 and XC90 vehicles equipped with engine 08 (B4204T20), 10 (B4204T23), 25 (B4204T26), A2 (B4204T27), A3 (B4204T29), AK (B4204T31), AL (B4204T44), AM (B4204T50), BA (B1APHEV), BF (B1CPHEV), BG (B1DPHEV), BM (B1EPHEV) and BR (B1FPHEV).
Vehicle numbers (worldwide): 85 550

Source: Rapex Alert 24/2021 A12/00894/21

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK