Volkswagen, Tesla, GM и BYD меѓу 100-те највлијателни компании во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Магазинот „Time” секако е меѓу највлијателните во светот и неговите текстови секогаш предизвикуваат внимание бидејќи се пред се многу аналитични. Последната насловна страна на магазинот е фокусирана на највлијателните компании во светот, а таму се најде Мери Бара, главниот извршен директор на GM на една од петте различни страници посветени на различни бизниси.

Автомобилскиот свет во моментов се наоѓа на крстопат и пред голема транзиција. Според „Time“, четири автомобилски компании со најголемо влијание врз светот, а тоа се: Volkswagen, GM, Tesla и кинески BYD.

Главниот уредник на магазинот, Едвард Фелсентал, напиша дека со објавувањето на списокот се обидуваат да ги препознаат компаниите „кои ја кројат нашата колективна иднина, како и лидерите што ги водат“.

Насловната страна на која е Бара ја прикажува главната директорка како стои пред GMC Hummer EV, што треба да ви даде поим за тоа што магазинот смета дека овие компании се толку влијателни. Со оглед на тоа што сите четири компании сакаат да ги популаризираат електричните возила, нивното влијание се чини дека е дефинирано со електричен погон.

Магазинот ја фали Tesla затоа што отиде подалеку од „само во производство на некои од најгламурозните автомобили во светот“ кон производство на домашни производи како Powerwall.

На прашањето што мисли за Илон Маск како извршен директор, како дел од нејзиното поголемо интервју со списанието, Бара одговори „Јас навистина немам никаков коментар за тоа“. Извршниот директор на GM исто така беше желен да го потсети иданието дека нивниот електричен модел Bolt постои со години, успешно продавајќи се во голем број.

Во меѓувреме, Volkswagen започна со електричен притисок со ID.4 годинава. Компанијата, која сè уште се справува со последиците од скандалот со Дизелгејт, успева да се придвижи напред со возилото кое се заснова на нова платформа само за ЕВ возила.

„Чест ми е што “Time” успеа да ја препознае работата што ја прават илјадници вработени во VW ширум светот за да ја водат нашата индустрија и да се справат со глобалното затоплување“, изјавил Скот Киг, претседател и извршен директор на VW групацијата на Америка. „Лансирањето на електричниот ID.4 SUV покажа дека Американците се подготвени да го прифатат електричното возење со возбудливи, иновативни возила чија цена е соодветна на пазарот. Ние сакаме електричната иднина да ја направиме реалност сега “.

Во меѓувреме, BYD, зад кого стои Ворен Бафе, си заработи место во категоријата иноватори. Кинескиот производител на ЕВ правеше автомобили како Han, што може да достигне брзина од 60 км / ч за само 3,9 секунди и има дострел од 550 км.

Автомобилската индустрија допрва ја чекаат промени. Сега сите се обидуваат да се наметнат, и да покажат дека тие се главните двигатели. Но, се уште има време за докажување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK