Volkswagen повторно ја одложи одлуката за новата фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Групацијата никако да донесе одлука за локацијата за изградбата на новата фабрика.

Откако Турција поради интервенцијата во Сирија ја испушти фабриката и направи “од готово вересија”, најголемиот германски производител продолжи да бара локација во земјите од регионот.

Во новата фабриката се планира годишно производство од 300 илјади возила, за чија цел ќе бидат инвестирани повеќе од милијарда евра и при тоа ќе бидат вработени околу 4 илјади лица. Во декември портпаролог на Volkswagen објави дека одлуката ќе се донесе на почетокот на овој месец, но сега се одложува за кон крајот на оваа пролет.

Србија, Бугарија, Романија и Грција во моментов се во игра иако претходно неуспешен обид имаше Хрватска, Косово и Босна и Херцеговина. Која од овие земји ќе биде домаќинот на новата мултибренд фабрика на Групацијата ќе мора да почекаме уште неколку месеци пред да дознаеме.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK