Volkswagen најавува ажуриран Tiguan Allspace

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen објави дека обновената верзија на Tiguan Allspace ќе биде претствена пред светот на 12 мај, а самиот СУВ модел ќе се одликува со поелегантен дизајн и нови технолоши решенија и системи.

Обновениот Volkswagen Tiguan Allspace ќе биде лансиран на пазарот после повеќе од 6.000.000 реализирани претставници на двете варијанти на купето Tiguan од 2007 година наваму.

Голем придонес кон пазарните перформанси на моделот има неговата подолга верзија, Tiguan Allspace, која е зголемена за 22 сантиметри во должина, генерира околу 1,5 милиони продажби од 2017 година до крајот на март годинава.

Со вкупна носивост до 1.920 литри и можност за исполнување на ентериерот во три реда седишта за седум луѓе, обновениот Volkswagen Tiguan Allspace ќе се произведува во две фабрики на Volkswagen Group-Tiguan L за кинескиот пазар во Шангај, а Tiguan LWB (долга база) за Северна и Јужна Америка, како и Tiguan Allspace за европскиот во Пуебла во Мексико.

Од Volkswagen велат дека 55% од сите производители на Tiguan се од неговата долга верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK