Volkswagen има големи планови: Порача батерии за 50 милиони електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen направила огромна нарачка на батерии за своите идни електромобили вредна 50 милијарди евра. Се работи за порачка на 50 милиони батерии за исто толку електромобили, а ова е потврдено од страна на директорот на концернот Херберт Дис.

„Купивме батерии за 50 милиони возила. Ќе имаме навистина интересна понуда на електромобили и ќе постигнеме големи резултатти од количината“, вели Дис, кој не крие дека Volkswagen се подготвува за агресивно влегување на пазарот на електромобили.

Бројката од 50 милиони електромобили изгледа гигантска во однос на 10 милиони возила кои концернот ги продава во текот на една година. Вакви тиражи имаат карактер на долгорочен план за електричната платформаMEB. Во последните години само модулната шасија MQB генерираше над 50 милиони продажби.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK