Volkswagen ID.4 на тестот на северен елен (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Последен во низата авотмобили кој се најде на популарниот тест на северен елен организиран од страна на магазинот km77 е Volkswagen ID.4.

Овој автомобил опремен со електричен мотор кој продуцира 204 КС при првите обиди со брзина од 77 км/ч покажа нестабилност и пролизгување што беше причина да се активираат системите за безбедност и светлосната сигнализација.

Во својот најдобар обид, овој автомобил во препреките влезе со брзина од 73 км/ч, во средината при маневрирањето возеше со 67 км/ч, а од препреките излезе со брзина од 55 км/ч.

По овој обид беа направени и повеќе други, но сите тие беа неуспешни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK