Volkswagen и Ford се договорија?!

ОБЈАВЕНО НА:

Ford и Volkswagen конечно постигнаа договор и во наредниот период заедно ќе работат на размена на технологијата за електрични и автономни возила. Според Ројтерс, германскиот производител, со Ford ќе ја подели платформата MEB која се користи кај моменталните, но и идни електрични автомобили на производителите кои функционираат под капата на Volkswagen.

И покрај тоа што повеќето угледни медиуми го потврдија овој договор, портпаролот на Volkswagen Групацијата одби да даде изјава по повод овие пишувања и единствено спомена дека работите одат на добро.

Ова е само еден дел од соработката која во наредниоте период се очекува да се продлабочи. Ford веќе подолго време се обидува да ги намали трошоците, а со ова значително ќе ги намали трошоците за истражување и развој, а Volkswagen преку Ford ќе се обиде да се рехабилитира на американскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK