Volkswagen и BMW повикуваат на преговори за да се спречи трговска војна со Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Германските производители на автомобили, по гласањето во Европската унија што ја отвори вратата за казнени царини за увоз на кинески возила, повикаа на преговори за да се избегне трговска војна.
VW апелираше до Европската комисија и кинеската влада „конструктивно да ги продолжат преговорите во потрага по политичко решение“.

„Спречувањето на заштитните тарифи и избегнувањето трговски конфликти мора да биде заедничка цел“, се вели во соопштението на групацијата. Во исто време, решението мора да биде на маса пред крајот на месецот и стапувањето во сила на европската мерка.

„Планираните тарифи се погрешен пристап“ и таквиот потег „нема да ја подобри конкурентноста на европската автомобилска индустрија“, предупреди Volksawagen.

BMW исто укажа и на негативните последици од царините.

„Денешното гласање е фатален сигнал за европската автомобилска индустрија“, изјави директорот на компанијата Оливер Ципсе.

„Сега е неопходно Европската комисија и Кина брзо да најдат решение и да спречат трговска војна која на крајот ќе донесе загуби за сите“, додаде Ципсе.

Малку порано, мнозинството членки на Европската унија гласаа за воведување казнени тарифи за електричните автомобили од Кина, во висина до 35,3 отсто. Германија беше против тоа.

Кина е важен пазар за германските производители и евентуалната тарифна војна дополнително ќе ги продлабочи нивните проблеми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK