Thomas Schäfer, CEO Volkswagen Brand and the new ID. GTI Concept.

Volkswagen го претстави ID. GTI

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen на изложбата IAA Mobility 2023, која започна во Минхен го претстави концептот VW ID.GTI. Автомобилот ни покажува како ќе изгледаат идните фејслифтови на компанијата, притоа црпејќи инспирација од минатите модели, како Golf 1 GTI во овој случај.

Такви се, на пример, тркалата кои црпат инспирација од оригиналниот Golf 1 GTI, како и потемните задни светла, црните елементи околу стаклото и пластичните додатоци на праговите на вратите и браниците. Решетката е црна со црвени рабови на дното.

Volkswagen не кажува ништо детално за погонот, но засега знаеме дека ќе биде придвижуван од еден електричен мотор со електрична диференцијална брава за предната оска.

Новата опција GTI Experience Control ќе овозможи избор на различни режими за суспензијата, управувањето, звукот, па дури и тајмингот на менувањето брзини, што секако нема да биде реално.

ID. GTI Concept

Внатрешноста содржи и референци за оригиналниот модел, како што се тапацирот на седиштата, како и класичните инструменти на контролната табла, која всушност е дисплеј. Компанијата се одлучи за 12,9-инчен екран во средината и 10,9-инчен екран пред возачот. Заедно со ова, ветробранското стакло може да се претвори во огромен дисплеј за прикажување на различни податоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK