Додека сите сметаат дека електрификацијата е иднината, некои производители сериозно работат и на други агрегати кои се покренувани од други алтернативни горива. Водородот е се уште во почетна фаза на експлоатирање кај некои производители, но некои веќе испорачуваат и модели на пазарот. Еден од нив се Hyundai.
Европскиот оддел на Hyundai објави дека продажбата на моделот со електричен погон и водород, моделот NEXO надмина 1.000 продажби на континентот во третиот квартал од 2021 година.
NEXO е вториот водороден модел на Hyundai по специјалната верзија на ix35, произведена во Улсан, Јужна Кореја, со годишен капацитет од над 6.000 единици за 2019 и 2020 година.
Во зависност од условите за работа, Hyundai NEXO ветува слободно движење до 666 километри, а полнењето на неговите специјални резервоари трае помалку од 5 минути.
Во мај годинава, австралискиот оддел на Hyundai објави дека е поставен нов светски рекорд за слободно движење без полнење на резервоарот. Новото најдобро достигнување е 887,5 километри и претставува значително подобрување во однос на претходниот рекорд од 778 километри, што го постигнал исто така модел на NEXO.