Зголемувањето на цената на горивото е причина да се размислува за штедење на истото. Секој заштеден литар на гориво е намалување на трошоците така што е добро да се знаат неколку работи со кои може да се намали потрошувачката.
Возењето се заснова на постојано притискање на педалата за гас и на сопирачката што предизвикува голема потрошувачка на гориво, дури и кај оние малите и штедливи автомобили. Горивото се штеди со смирено возење, а со тоа се штедат и некои други компоненти како што се гумите, кочниците, квачилото.
Секогаш е важно да се има предвид дека со неколку мали потези може да се заштеди многу гориво, а веројатно за ова не сте биле свесни. Затоа секогаш на ум треба да се имаат следните десет работи.
Со овие совети може да придонесат за да зачувате голем дел од средствата.
* Не го полнете резервоарот до врв
Оној момент кога бензинската рачка ќе кликне, вашиот автомобил добил точно онолку гориво колку во него може да има.
Нема потреба рачката да се стисне уште два или трипати за резервоарот сигурно да биде полн. Тоа гориво ќе се разлие и моторот нема да може да до потроши, а вие, сепак, ќе го платите.
*Добро затворете го поклопецот од резервоарот
Бензинот ќе испари ако има доток на воздух. Поради лабаво затворен, неисправен и оштетен поклопец годишно испаруваат и до 540 милиони литри гориво. Затоа, добро затворете го поклопецот.
* Клима уреди
Користењето на климите може да предизвика зголемување на потрошувачката на гориво за дури 25 проценти, па доколку сакате да заштедите заборавете на климата.
* Старт-стоп систем
Овој систем го имаат современите автомобили, а тој им овозможува во градско возење да ја намалат потрошувачката на горивото за 2,3 проценти. Најмалку гориво се троши при стоење во место бидејќи тогаш има најмало оптоварување на моторот.
* Побавно на автопат
При возење на автопат можете да заштедите значителна количина на гориво доколку ја спуштите брзината на 90 километри на час. Истражувањата покажаа дека се троши околу 20 проценти помалку гориво при брзина од 90 км на час отколку при 120 км на час.
* Паркирајте го автомобилот во гаража
Автомобилот треба да биде паркиран во гаража и во лето и во зима. Преку лето гаражата го чува ладе, а во зима топол. На тој начин нема да трошите гориво за греење на автомобилот, за да може да се стопи мразот од него, ниту, пак, во лето ќе треба да се пушта климата секогаш кога ќе седнете во автомобилот.
* Бидете поблизу до сенка
Кога температурите се високи, автомобилот е најдобро да се тргне од сонце бидејќи покрај тоа што се грее поради топлината испаруваат значителни количини на горивото.
* Напумпајте ги гумите
Важно е гумите да бидат избалансирани. Неизбалансирани гуми, кои имаат нееднаков и слаб притисок се трошат побрзо и даваат поголем отпор, па моторот мора да работи посилно за да ја одржи саканата брзина.
Гумите кои имаат слаб притисок допринесуваат потрошувачката на горивото да се зголеми за 15 проценти. Еднаш месечно проверувајте го притисокот на гумите
Притисокот на гумите треба да се мери кога тие се ладни. Идеално време е наутро, кога автомобилот бил во мирување, а гумите ладни.
* Одржувајте го моторот
Автомобилот кој нема поминато еко тест или има потрошени и неисправни свеќички може да троши и до 30 проценти повеќе гориво.
* Заменете ги воздушните филтери
Внимавајте на воздушните филтери на моторот. Кога на нив ќе се соберат лисја, пајаци и друга нечистотија, потребно е да бидат заменети бидејќи го гушат моторот. Уредни филтери можат да ви заштедат и до 10 проценти гориво.
Секој пат кога менувате масло би било добро да ги смените и воздушните филтери. Отприлика на секои три месеци.
* Користете квалитетно масло
Ако употребувате масло кое ви го препорачал произведувачот на автомобилот, можете да заштедите од 1 до 2 проценти на гориво. На одредени е истакнато дека се енергетски подобри бидејќи содржат супстанции кои спречуваат триење.
* Не штедете на одржување
Автомобилот ќе работи оптимално доколку оптимално и го одржувате.
И почнете да ги применувате овие совети и ќе видите дека сме имале право.