Властите во тајванскиот град Каосиунг смислиле итар начин да ги натераат пијаните возачи да размислат за нивното однесување. Секој кој ќе биде фатен како вози откако испил повеќе алкохол, ќе мора да работи во погребално претпријатие за да почувствува како е да се биде блиску до смртта, пишува локалниот весник Odditycentral.com.
Во последните денови од 2021 година, жителите на Каосиунг биле шокирани од сообраќајна несреќа во која загинало едно лице, а тројца биле повредени. За несреќата бил виновен пијан возач, поради што градските власти презеле посебни мерки.
По наредба на градоначалникот, отсега казнувањето на оние кои ќе бидат фатени како возат после пиење алкохол ќе им биде работа со одреден број часови во локалните погребалници. Првата група виновници – 11 на број – веќе е на работа, ја чисти мртовечницата, ладилната постројка и крематориумот.
Градските власти очекуваат дека ваквите постапки ќе ги натераат возачите да ги почитуваат животите на другите и, соодветно, да престанат да возат пијани. Уште по првите 4 часа на новото работно место, сторителите изразиле длабоко каење и се заколнале никогаш да не го повторат овој престап.