Авто-мото спортот во Македонија полека станува се попопуларен, а во иднина мото спортот би требало да донесе и поголема популаризација на државата откако се најави изградба на патека за моторкос на која може и би требало во 2020 година да се одржи и меѓународна трка од СП.
Според пишувањето на www.motori.com.mk договорот за изградба на патеката го потпишаа Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски и Претседателот на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, Зоран Трајковски.
Паралелно со потпишувањето на договорот направени се и првичните преговори со Фреди Верхерштатен кој беше гостин на Мотоциклистичката Федерација на Македонија и е човек кој ги има изработено 80 отсто од патеките на кои се одржува Светскиот Шампионат во Мотокрос (MXGP).
Тој имаше можност да го погледне теренот каде што е предвидено да биде изградена патеката и во текот на самата посета беа направени прелиминарни скици и планови за нејзиниот изглед, пишува порталот www.motori.com.mk.