Фото: МВР

Во Скопје казни за 180 лица – има и пешаци и мотоциклисти

ОБЈАВЕНО НА:

При казнувањето сообраќајната полиција не ги има „радар„ само возачите туку сите они ешто ги прекршуваат правилата. Мешу казнетите лица во изминатите 24 часа има и 16 пешаци и петмина мотоциклисти.

Според податоците на МВР, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, три за возач почетник.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 16 прекршоци што ги чинат пешаците, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, 63 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK