За погрешно паркирање според законот не само што веднаш ќе добиете казна, туку може и пајак службата додека да се свртите возилото веќе да го вози кон депото. А тоа значи ем казна, ем плаќање за пајак службата. Па сумата ќе „скокне“ на неколку илјади денари. И така е кога сте учесник во сообраќај на улиците. Можеби ќе минете со впишување на казнени поени. Само внимавајте ако соберете 100 во рок од три години тогаш одите повторно на полагање за возачка дозвола.
Но, што е со несовесните возачи што се однесуваат грубијански, не професионално и себично на затворените паркинзи. Какви се правилата во катните гаражи? Или уште поинтересно во шопинг центрите каде не може да влезе пајак возило?
Во Скопје има неколку, и кај сите речиси постојат слични правила? Препораки и предупредувања да не се паркирате на места за инвалиди, да не зафаќате две паркинг места, да не блокирате излези. Се работи за совесно однесување на возачите и почитување на законите, но и на другите корисници на паркингот.
Но, вистинското прашање е дали навистина може да добиета казна за погрешно паркирање во трговски центар? Да ви го блокираат возилото? Пајак служба да ви го подигне возилото? И ако навистина има казни какви се тие…
Најчесто менаџментот на шопинг центрите во Скопје засега може да работи само на едукација на возачите. Ако случајно сте погрешно паркирани или блокирате некои други возила или некој влез, тогаш казната ќе биде – ќе ви го прочитаат бројот на регистерските таблички и возилото преку разглас. Ако ви е срам ќе побрзате за да не ве читаат долго, но може и да бидете центар на вниманието подолго време.
„На паркингот во Скопје Сити Мол, катната и подземната гаража, има доста несовесни возачи кои своите возила ги пракираат на места за лица со посебни потреи, на места кои не е едозволено паркирање, или пак возачи кои со своите возила зафаќаат две паркинг места. Ние секогаш се трудиме да воспоставиме ред и да влијаеме на овие возачи и токму затоа имавме и кампања за подигнување на свеста токму за оваа тема.
Со оглед на тоа дека пајак служба не може да влезе во гаражата на Скопје Сити Мол, од наша страна на самите возила се поставуваат известувања за непрописно паркираните возила. Доколку имаме ситуација некое возило да го попречува или запира сообраќајот или нормалното функционирање на центарот, се чита известување на разглас од страна на мониторинг центарот.
Ние како, Скопје Сити Мол, немаме право да изрекуваме казни, туку само да влијаеме на подигнување на свеста кај возачите и посетителите, се вели во објаснувањето од Сити Мол.
Па затоа се надеваме дека едукацијата ќе помогне и ќе имаме помалку читање преку разглас и повеќе музика…