Името Lada Niva секогаш се поврзува со рускиот мал „џип“ за кого нема предели каде не може да мине. Сега еден таков модел ќе се појави и на следната трка Дакар 2022. Но, во Швајцарија направија и часовник со истото име. И, богами не е баш евтин.
Ограничената серија швајцарски часовници го носи името Schrono Modern Niva Red Legend и е посветена на тркачкиот тим на Red Legend. Тимот е составен од Швајцарци, но финансиски поддржан од АвтоВАЗ. Екипажот ќе се натпреварува во Дакар со Lada Niva од 1984 година (за класични автомобили).
Сепак, часовникот воопшто не е евтин. Цената на часовникот е дури половина од цената на новата Lada Niva – 4.579 долари. За оваа сума се нуди рачен часовник со тело од нерѓосувачки челик и грб со црвен сафир. Стаклото е изработено од проѕирен сафир, а ременот делумно од кевлар.