Не сите сакаат да продават електрични возила во САД. Први кои јавно се спротиставија се дилерите на Cadillac кои се противат на одлуката на General Motors.
GM низ САД има околу 800 дилери, а 150 од нив јавно се спротивставија на предлогот на GM и според нив, они попрво би се откажале од правото да продаваат Cadillac автомобили отколку да се прилагодат на продажба и одржување на електрични возила.
Причината за ова е што почетната инвестиција за ова е околу половина милион долари, вклучувајќи го и електричниот полнач кој чини околу 200 илјади долари.
Оваа криза кај GM дилерите ќе ја подобри позицијата на Tesla на американскиот пазар чија продажба би требало да се зголеми токму на сметка на оваа на Cadillac, сметаат аналитичарите.