Во новите возила на Porsche ќе се играат видео игри и ќе се гледаат филмови

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Pоrsсhе ќе се обиде да ја стигне Tеslа и покрај километража и забрзување како она кај врвните модели на брендот од САД, компанијата од Штутгарт ќе воведе една новина слична на додатоците на автомобилите на Маск.

Брендот од Германија потпиша договор со компанијата Zynс, која е специјализирана  во понудата на различни дигитални услуги и забава во автомобилите. Преку овој чекор од Pоrsсhе сакаат да им понудат на сопствениците на автомобили повеќе удобност и услуги на сопствениците на автомобилите при полнење на батеријата на пример.

Од 2023 година брендот планира да интегрира нови функции на информативниот систем, кои овозможуваат споделување на видео содржини директно на екранот на автомобилот или, пак, играње на видео игри, какво што во моментов е достапно единствено кај Tesla.

Во моментов не се соопштува кои автомобили ќе располагаат со обновен информативен систем, но најверојатно тој ќе биде зачуван за електричните автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK