Во најава е бестселер: Kia прими за еден ден 21.000 резервации за EV6

ОБЈАВЕНО НА:

Kia на крајот на минатиот месец премиерно го претстави целосно електричниот модел EV6. При тоа за одредени пазари започна да прима нарачки за овој модел. За само еден ден од жителите на Јужна Кореја пристигнати се 21.000 нарачки, соопштуваат од производителот.

Ова е повеќе од одлична бројка што овој модел го прави потенцијален бестселер. Одлична е и на ниво на групација. Со оваа бројка може да се каже дека Hyundai Motors влегува во “кремот” производители на електрични автомобили. За потсетување, електричниот Ioniq 5 на Hyundai за првите 24 часа доби 23.760 нарачки, а за една недела вкупно 236.000 нарачки.

Се очекува и бројката на нарачки за EV6 значително да се зголеми особено откако на почетокот на следниот месец ќе биде овозможено нарачувањето и од Европа. Европјаните ќе може да направат нарачка со минимален депозит од 100 евра, а своите примероци ќе ги добијат кон крајот на септември.

Kia EV6 е првиот специјално развиен 100% електричен автомобил на брендот базиран на Electric-Global Modular Platform (E-GMP) и го користи новиот систем за означување на брендот. Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK