Во Македонија се фалиме дека безбедноста на патиштата се подобрува – ама каде сме на светските и европски листи

ОБЈАВЕНО НА:

Во последното известување од страна на Министерството за внатрешни работи и Републичниот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата се вели дека „2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тромесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година бројот на жртвите во сообраќајни незгоди бележи тренд на намалување“.

Постојано се зборува за спроведување на активности со цел подигнување на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Но, каде е Македонија во однос на другите земји од регионот? Каде се македонските патишта во анализите за тоа колку се безбедни нашите патишта.

Последната студија спроведена од страна на американската компанија Zutobi, која е спрецијализирана за образување за безбедноста во сообраќајот на патиштата и во обучување на возачите зборува за тоа кои се најсигурните, а кои се најопасните земји за возење. На листата има 53 земји од светот, а при анализите како показатели се земаат: ограничување на брзината на автопатиштата, користењето на безбедносниот појас, ограничувањето на количеството алкохол во крвта и степенот на смртност во сообраќајот. Така е изработена листата на десетт најопасни и десетте најсигурни земји во светот.

Од нашето соседство на листата ги има: Албанија, Грција, Србија и Бугарија, а во поширокот опкружување и БиХ, Хрватска, Турција, Романија, Унгарија, Словенија….
Но, Македонија ја нема. Нема причина зошто е тоа така, а самиот факт дека не нема во некое независна листа, на независно спроведена студија може само да наведува колку се нашите патишта безбедни.

Според податоците од РСБСП во Македонија во текот на годината меѓу 30 и 35 пешаци го губат животот, односно 25 до 30 отсто од вкупниот број загинати со сообраќајните незгоди се пешаци. А околу 750 се повредени. … МВР секојдневно ги објавува билтените со казнети возачи за брзо возење, користење алкохол, зборување на телефон…

10-те најопасни земји за возење
Најопасна земја за возење е Јужна Африка, која има многу низок безбедносен индекс, само 3,41 поени од 10. Се проценува дека во оваа земја има 22,2 смртни случаи во сообраќајот на 100.000 жители, а само 31 отсто од патниците на предните седишта се врзани со безбедносни појаси.
Втора земја на листата на најопасни е Тајланд со само 4,35 поени. Тоа е затоа што има една од најниските стапки на користење на безбедносните појаси, но и фактот дека мотоциклите се главното транспортно средство што се користи во земјата.

Додека Јужна Африка и Тајланд се уште се земји во развој, третото место на листата го зазема САД, кои добија само 5,03 од 10 поени. Причината за ова е што 29 сообраќајни жртви се припишуваат на алкохол, што е бројка што се совпаѓа со границата на високата концентрација на алкохол во крвта што ја забележале возачите таму: 0,08 проценти.

Според Зутоби, Аргентина се наоѓа на четвртото место на неславната листа, а уште еден впечатлив податок што го покажува студијата е многу голем пораст на стапката на смртност од сообраќајни несреќи во Индија, од 15,6 на 22,6 отсто на 100.000 жители. Тоа е зголемување за повеќе од 50 проценти.
Шестата и седмата најопасна земја за возење и двете со индекс 5,63/10 се Хрватска и БиХ, и се единствените две европски земји на листата на најопасни бидејќи на последните три места од десет се Малезија, Перу и Боливија

10 најбезбедни земји во светот за возење
Од друга страна, водечката земја по безбедност е Норвешка, со оценка 8,20 од 10. Оваа нордиска земја има многу ниска стапка на смртност во сообраќајот, а употребата на безбедносниот појас е широко распространета, што ги објаснува добрите резултати.

Втора најбезбедна земја за возење е Исланд со 8,05 поени. Интересно е што во оваа земја ограничувањето на брзината е поставено на 90 km/h, што е очигледно пониско од просекот на земјите кој е 120 km/h.

Третото место меѓу најбезбедните е Естонија, која постигна 7,90, благодарение на една од највисоките стапки на употреба на сигурносни појаси (97,3 проценти), додека границата на концентрација на алкохол во крвта кај возачите е една од најниските: 0,02 проценти. По нив следат Јапонија и Молдавија со оценки 7,88 и 7,73, што значи дека четири од петте најбезбедни земји во светот се на Стариот континент или осум од десет …

Следете не и на:

24AUTO NETWORK