Здружението на автомобилската индустрија во Казахстан работи на создавање сопствен бренд на лесни патничлки автомобили. Информациите ги објави агенцијата Казинформ, која го цитира раководителот на здружението.
Според директорот Андреј Лаврентев, кинеската компанија Jac е заинтересирана да инвестира во создавањето на новиот казахстански бренд.
“Тоа ќе биде мајчин бренд како узбекистанскиот Uz-Daewoo и руската Лада”, вели Андреј Лаврентев, раководителот на здружението. Според неговите зборови, името за новиот бренд се уште не е избрано.